Селекцијата која е домаќин на претстојниот ракометен Мундијал, Египет, вечерва на отварање на првенството, ја совлада селекцијата на Чиле со 35:29.
Скоро на целиот натпревар евидентна беше предноста и квалитетот кај селекцијата на Египет, што го потврдува и конечниот резултат.
Најдобар поединец во редовите на Египет беше Елдера кој постигна шест погодоци, додека за Чиле најефикасен беше Фохтман со 7 голови.
Со победа од првиот меч, Египет растеретено влегува во понатамошниот тек од првенството. Нашата репрезентација утре го игра својот прв меч, против десеткуваната селекција на Шведска, во 20:30 часот.