Една голема разлика помеѓу Рафа Надал на една и Ѓоковиќ и Федерер на другата страна

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е најдобриот во светот на тенисот, тврди младиот тенисер од Русија, Андреј Рубљов.

Тој тоа свое тврдење го поткрепи со анализа околу ситуацијата меѓу Надал и останатите двајца, Федерер и Ѓоковиќ.

Рубљов ја освои четвртата титула оваа сезона, откако триумфира на турнирот во Санкт Пете рсбург.

Дури и Новак и Роџер во одредени моменти знаат да паднат ментално, емотивно, па чувствуваш дека можеш да ги победиш. Рафаел е единствениот играч во историјата на кого не му е важно како се чувствува, добро или лошо. На крајот секогаш пронаоѓа начин да ве победи. Не знам како успева во тоа, веројатно е психички многу силен целата кариера. Сите останати некогаш имаат лош ден. Но Надал секогаш останува смирен и наоѓа начин да се врати во игра. За мене тој е најдобриот спортист во историјата на сите спортови“, истакна Рубљов.

Надал пред неколку дена го освои својот 13-ти трофеј на Ролан Гарос, а вкупно 20-ти во кариерата.