Единствени и моќни во соблекувалната: Диего Марадона би бил горд на овие момци!

Репрезентацијата на Аргентина, по изненадувачкиот пораз од Саудиска Арабија на стартот од Мундијалот, ја порази селекцијата на Мексико со 2:0 и со тој резултат се врати во игра за следната фаза.

Херои на натпреварот беа Лео Меси и Енцо Хернандез, кои со своите мајстории и овозможија на Аргентина да впише бодови на табелата.

„Гаучосите“ бурно прославија, а дел од медиумите беа дел од соблекувалната на Аргентина, каде можеше да се види една позитивна атмосфера, каде го подигаат тимскиот дух за третото коло од Мундијалот.

Целата соблекувална им се тресеше во еден глас, па дури и легендарниот Диего Марадона би бил горд на овие момци, кои губат, пеат и се радуваат во еден глас.