Еден од најдобрите маратонци на сите времиња е суспендиран на 10 години поради допинг

Кенискиот маратонецот Титус Екиру (31) е суспендиран на десет години поради позитивен наод на допинг тест и употреба на лажни медицински документи, соопшти Одделението за атлетски интегритет (АИУ). Шестиот најбрз маратонец на сите времиња двапати бил позитивен на забранети супстанци во текот на 2021 година.

Тој првпат беше позитивен на триамцинолон ацетонид во мај по победата на маратонот во Милано, но не беше веднаш обвинет откако тврдеше дека позитивниот тест е резултат на легитимен медицински третман.

Тој исто така беше позитивен на тестот во ноември по неговиот триумф на маратонот во Абу Даби, а потоа тврдеше дека резултатот е резултат на легитимен медицински третман.

Екиру претходно примал инјекции со триамцинолон ацетонид од кениски лекар во два наврати за време на недокументирани болнички посети.

Светската анти-допинг агенција го забрани триамцинолонот уште во 2014 година бидејќи им помага на спортистите да изгубат тежина без значително губење на силата.