Еден од најдобрите холандски ракометари е опција за Вардар

Дефинитивно актуелниот европски првак Вардар во новата сезона ќе го гледаме во едно видно изменет лик иако дел од играчите што и досега го носеа теретот, ќе останат во клубот.

Познато е дека следната сезона и понатаму дел од „црвено црните“ треба да останат голманите Борко Ристовски и Марко Кизиќ, крилата Тимур Дибиров, Иван Чупиќ и Димитар Димитриевска, како и пикерите Стојанче Стоилов и Глеб Калараш, ни и бековите, Марко Мишевски и Дисингер.

Деновиве многу имиња се поврзуваат со редовите на Вардар, Кубанци, Португалци, Французи, Норвежаниц, Словенци, но и еден Холанѓанец.

Како што дознаваме Вардар како решени за среден беке го посакува и еден од најдобрите холандски ракометари, Лук Стеинс.

Станува за 25 годишен среден бек кој е релативно низок со својата висина од 1.73 сантиметри и неодоливо по својот физички изглед потсеќа на Сташ Скубе.

Кога сме кај Стеинс да кажее дека тој во својата татковина има играно за Лионс од каде се сели 2016 година во Франција за да од тимот на Маси, преку Трембле сега игра за Тулуз.