Еден од играчите на шампионскиот Лестер претепан зашто и се пуштал на девојка

Дени Дринквотер бил брутално претепан претходниот викенд во Манчестер откако во бар се закачнал со Кгоси Нтиеје, играч на нисколигашот Сканторп.

Фудбалерот кој порано беше член на Лестер, а сега игра во Барнли како позајмен од Челси и се пуштал на девојката на Нтиеје во ноќен клуб. Сведоци тврдат дека бил упорен иако овој го замолил да престане.

„Ми е гајле, човеку, таа оди дома со мене“, му рекол Дринквотер на својот „ривал за девојка“.

Потоа двајцата биле исфрлени од клубот, а Дринквотер бил пречекан од шест мажи кои почнале да го тепаат. Го удирале по телото и главата, а откако паднал на земјата му скокале по зглобовите на нозете, знаејќи дека е професионален фудбалер. На играчот на Барнли тешко му настрадале лигаментите и ќе мора да паузира околу четири недели.