Еден медал повеќе во однос на претходните МИ за Македонија

Македонските спортисти ги завршија настапите на Медитеранските игри во Тарагона и тоа со еден медал повеќе во однос на претходниот настап пред пет години во турскиот град Мерсин. Во шпанската Тарагона Македонија освои вкупно шест медали, а воедно беа изборени и првите две злата (каратистот Берат Јакупи и борачот Магомедгаџи Нуров). Сребро освои европскиот првак во таеквондо Дејан Георгиевски, а со бронзи се закитија (каратистите Ненад Келебиќи Жарко Арсовски, како и борачот Дејан Митров).

Блиску до медал беа и ракометарките кои во „малото финале“ загубија од Словенија.
Во Мерсин Македонија имаше едно сребро и четири бронзи и беше пласирана на 19.место од 24 држави освојувачи на медали.

Во Тарагона нашите спортисти се рангирани на 17.место од 26 земји колку што освоија медали. До крајот на Игрите за остануваат да се одиграат уште три финални натпревари во екипните спортови. Најуспешни се спортистите од Италија, а потоа следуваат домаќините Шпанија и Турција.

Следните Медитерански игри ќе се одржат во алжирскиот град Оран во 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таткото на Хабиб случајно го откри договорот: Ѕвездата на УФЦ ќе биде жестоко казнета!

ВИДЕО: УФЦ не памети по крвава борба – ВОЗНЕМИРУВАЧКИ сцени

Не е шега: Нурмагомедов ќе се бори со Мејведер, се знае и терминот

Пред еден месец сите го сакаа Нурмагомедов, денеска сите го мразат

(ВИДЕО) ШОК: Шампионот во тешка ситуација по нокаутот – докторите се борат за неговиот живот

(ФОТО) Изразот на лицето на Вајлдер кога Фјури стана по вториот нокдаун е хит на социјалните мрежи

Шоу, драма, нокдауни и на крајот уште едно разочарување во тешкашкиот судир на годината

Сопругата на поранешниот играч на Црвена Звезда донираше пари за Партизан

Првиот човек на УФЦ ги откри плановите за Конор и Хабиб: Што е следно за Ирецот и Дагестанецот?