Еден играч, двоен победник – Јувентус, двоен губитник – Јунајтед!

Пол Погба и официјално се врати во Торино, повторно како бесплатен трансфер.

Веста ја потврди Фабрицио Романо, постигнат е договор и Погба ќе биде еден од најплатените фудбалери во Серија А.

Најголем губитник во оваа трансфер сага е повторно Манчестер Јунајтед. Тие не добиваат ниту евро обештетување за ова заминување.

Тие во 2016 година го платија 100 милиони евра, па со овој трансфер покажаа дека знаат да направат погрешни избори и шест години подоцна го загубија овој играч бесплатно.

Погба за Манчестер Јунајтед одигра 226 натпревари и постигна 39 голови. Со нив ја освои Лига Европа во 2017 година.