Двократниот Формула 1 шампион дебитираше на релито Дакар

Шпанецот Фернандо Алонсо го зазеде 11. место по првата етапа на релито Дакар во Саудиска Арабија.

Алонсо дебитираше во Тојота и се обидува да стане првиот шампион во Формула 1 кој победил и на Дакар релито, пренесуваат британските медиуми.

Покрај него возеше навигаторот, птекратниот победник на Дакар со мотоцикл Марк Кома, а тие 15 минути и 27 секунди заостанаа зад победникот на етапата Вајдос Зала од Мини. Тој етапата ја заврши за три часа, 19 минути и четири секунди.

Етапата долга 752 километри се возеше од Џеда до Ал Ваја.

Второто место го зазеде Стефан Петерхансел од Мини со две минути и 14 секунди заостанување, а трет исто така од Мини беше Карлос Саинц со две минути и 50 секунди заостанување.

Втората етапа, во понеделник, се вози од Ал Ваја до Неом, долга 393 километри.

Бранителот на титулата, Насел Ал Атија, кој водеше повеќе од 200 километри, заврши на четвртото место поради механички проблеми на својата Тојота.