Двојна победа на Мерцедес во Баку, Ботас славеше пред Хамилтон

Валтери Ботас денеска го освои првото место на Големата награда на Азербејџан и така ја оствари втората победа во оваа сезона.

Ботас успеа да ги издржи сите обиди на својот клупски колега Луис Хамилтон кој заврши на втората позиција, а Мерцедес ја оствари четвртата двојна победа по ред од почетокот на сезоната.

Себастијан Фетел од Ферари заврши на третото место, додека Макс Ферстапен од Ред Бул/Хонда се проби на четвртото место. Вториот возач на Феради Шарл Леклер го освои петтото место.

По оваа победа, Ботас се искачи на врвот на табелата со 87 бода, еден повеќе од својот клупски колега Хамилтон, а далеку зад нив е Фетел со 52 бода.

Во конкуренција на конструктори, пак, Мерцедес е убедливо прв со 173 бода, пред Ферари кој има 99, а на третото место е Ред Бул/Хонда со 64.