Две грешки му ја однесоа победата на Хамилтон: Ботас ја освои Русија

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас ја оствари втората победа во сезоната откако триумфираше на патеката во Сочи, за Големата награда на Русија.

Финецот ги искористи двете грешки на својот тимски колега Луис Хамилтон, направени при стартот, поради кои беше казнет со десет секунди и без проблеми заврши на првата позиција. На крајот, разликата меѓу двајцата возачи на Мерцедес порасна на над 20 секунди секунди, но тоа се случи откако стана јасно дека Хамилтон нема шанси за победата. Второто место го освои Макс Ферстапен кој се зацврсти на третата позиција во генералниот пласман.

Таму се уште убедливо води Хамилтон, со 205 бода, 44 повеќе од Ботас, на седум трки пред крајот на сезоната.