Екипата на Уникс ја доживеа судбината на ЦСКА и го заврши својот пат во борбата за титулата во Суперкупот. Вчера ЦСКА загуби од Локомотив Кубан по продолжение и испушти уште една можност да се бори за трофеј.
Во својот прв меч, Уникс загуби од Нижњи Новгород со 82-86 што е големо изненадување имајќи предвид дека тимот од Казан беше голем фаворит пред мечот. Драматичниот натпревар беше одлучен во последната минута, по серијата од 5-0 на Нижњи со која поведе со 84-77. Уникс подоцна се доближи на 82-84, но немаше сила за целосен пресврт.
Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ беше еден од најдобрите во својот тим со 16 поени и 8 асистенции за 30 минути на теренот. Во последната четвртина доживеа повреда на коленото, но продолжи да игра до неколку секунди пред крајот кога ја направи петтата лична грешка.
Во полуфиналето, Нижњи Новгород ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Зенит и Бешикташ кој е на програмата вечерва. Уникс ќе игра со поразениот во борбата за пласман од петтото до осмото место.