Двајца македонски репрезентативци ја предводат листата на стрелци на СП

Македонската кадетска ракометна репрезентација се пласираше на четвртото место во својата група на Светското првенство кое се одржува во Скопје, а во осминафиналето ќе се соочи со репрезентацијата на Португалија.

Нашата репрезентација може да се пофали дека ги има најдобрите стрелци досега на СП по завршувањето на групната фаза.

Ненад Костески и Мартин Серафимов ја предводат листата на стрелци по првата фаза од шампионатот. Најдобар стрелец е Костески со 40 гола од 51 обид што е 78% успешна реализација, а веднаш зад него со три помалку е Серафимов кој погодил 37 пати од 67 обиди, односно има 55% реализација.

Зад нив е Јусуф Фарук од Нигерија со 36 погодоци.