Два спонзори ја прекинаа соработката со Мерцедес

Актуелниот конструкторски шампион во Формула 1, тимот на Мерцедес, остана без два спонзори за новата сезона.

Германската екипа остана без долгогодишниот партнер и спонзор, со кои имаа соработка години наназад.

Станува збор за фрмата „Босе“, која е официјален добавувач на аудио опрема за германската екипа, додека вториот спонзор кој им се повлекува од таборот е јапонската технолошка компанија Епсон, која долги години имаше соработка со Мерцедес.

Тие и официјално беа добавувачи на принтери, проекти и скенери кои Мерцедес ги користеше од 2015 година ваму.

Поголеми потреси околу генералните спонзори на Мерцедес не се најавени.