Два нови позитивни теста на коронавирус во Премиер лигата

Нова серија тестирања на Ковид-19 беше направена вчера во англиските клубови.

Неколку дена пред продолжението на сезоната во друштвото на најдобрите англиски клубови беше направена осмаа серија на тестирања, а примероци беа земени од 1.200 лица.

На крајот тестовите покажаа дека има двајца заразени во два различни клуба чии имиња не се соопштени, а позитивните лица ќе мораат да одат во самоизолација следните 14 дена.

Вкупно во осум круга на тестирања направени се 8.687 тестови. Од сите тие, 16 тестови се покажаа како позитивни, а многумина веќе се опоравија и без проблеми се вратија во своите клубови.

Премиер лигата се враќа веќе во среда со заостанатите мечеви, а секако најголемо внимание привлекува мечот меѓу Манчестер Сити и Арсенал.