Два дена со одговори на многу непознати, во елитните спортски натпреварувања

Викендот на најдобрата регионална спортска ТВ мрежа почнува со потсетување на некогашното големо НБА ривалство меѓу Лејкерс и Портланд, в сабота од 04:00 часот на Арена Спорт 1 отсега достапна и за корисниците на А1 Македонија.

Денот на првиот канал, од 20:45 часот ќе го заокружат Верона и актуелниот шампион Јувентус, кој е второпласиран на табелата, во мечот од 24-то коло во Серија А.

На Арена Спорт 2 ќе гледаме португалски фудбал, соочувањето меѓу Порто и Спортинг во рамките на 21-то коло. Гостите водат на табелата со 54 бода, додека домашните се на втората позиција со 10 бода помалку, според што ова е еден од натпреварите кој
решава за титулата. На истиот канал ќе гледаме француски фудбал и АБА Лига, а на Арена Спорт 5 ќе го проследиме дуелот од македонското фудбалско првенство, меѓу Работнички и Силекс, од 14:00 часот.

Недела е ден на многу разврски во италијанскиот фудбалски шампионат. Во обидот да го задржи лидерското место во Серија А, Интер од 15:00 часот на Арена Спорт 1 игра против Џенова. Поранешната, се среќава со сегашната екипа на нашиот капитен, Горан Пандев. На Арена Спорт 2, од 15:00 часот Удинезе на Илија Несторовски се среќава со Фиорентина. Рома го пречекува Милан од 20:45 на Арена Спорт 1, меч во кој римјаните ќе се борат за што подобар пласман меѓу првите четири екипи, додека второпласираните миланези ќе се обидат да одржат чекор со градскиот ривал за првата позиција.

Интер има 53 бода по 23 натпревари, Милан има 4 бода помалку, Јуве има 45 со натпревар помалку, Рома има 44 бода по 23 одиграни средби во тековната сезона во италијанското калчо. Наполи на Елмас од 22 меча има 40 бода на 7-та позиција и во ова коло игра против Беневенто, Џенова има 26 бода на 11-та позиција, Удинезе има 25 бода на 13-та позиција. Бруклин и Далас на Лука Дончиќ играат на Арена Спорт 1 од 02:30 часот, додека на Арена Спорт 2, во европскиот термин се среќаваат Милвоки и Клиперс, од 21:30 часот. Ќе го гледаме и соочувањтео, некогаш големо дерби, меѓу Цибона и Сплит во рамките
на АБА лигата, од 19:00 часот.

Од 18:30 часот, нашиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ ќе го предводи својот Хувентуд против Барселона, во рамките на шпанската АЦБ кошаркарска лига, со пренос на Арена Спорт 5.