Неверојатни сцени се случија при крајот на првото полувреме од натпреварот помеѓу Башакшехир и Фенербахче, а во главните улоги беа Душан Тадиќ и Андерсон Талиска. За малку ќе дојдеше до тепачка помеѓу соиграчите.
Душан Тадиќ и Андерсон Талиска за малку ќе се физички судреа на натпреварот против Башакшехир. Малку фалеше да дојде до конфликт.
Сѐсе случуваше на крајот на првото полувреме. Тадиќ не му ја додаде топката на Бразилецот кој беше во одлична позиција, а овој му го приговори тоа.
Започна вербален конфликт помеѓу соиграчите. Летнаа пцовки и тешки зборови, а потоа Тадиќ тргна да се пресмета со Талиска.