Дурант си ја отвори душата: Некогаш ја мразам НБА, не бев прифатен во Голден Стејт

Кевин Дурент следната сезона ќе игра во Бруклин Нетс, а сега си ја отвори душата и откри дека никогаш целосно не се вклопил во дрим тимот на Голден Стејт.

Дурент си ја исполни желбата да стане НБА шампион во Голден Стејт и наведе дека сакал целосно да се прилагоди кај Вориорси, но дека во тоа не успеал.

„Сакав да бидам дел од групата, дел од семејството, да се чувствувам прифатено, но никогаш не станав еден од нив. Вориорси не ме драфтуваа. Стеф Кари, јасно е, Андре Игудала, го освои првиот прстен, Клеј Томпсон, јасно е, Дрејмонд Грин, исто така… Останатите на некој начин ги рехабилитираа кариерите таму. А јас? Како да ме рехабилитирате мене? Што ќе ме научите? Како можете да влијаете на било што во мојот кошаркарски живот? Јас веќе бев МВП, веќе бев најдобар стрелец во лигата…“, изјави Дурент.

Додаде дека сфаќал дека е поинаков од своите соиграчи со текот на времето.

„Тоа не беше лошо, но се се сведува на околностите и тоа како дојдов во лигата. Покрај тоа, медиумите секогаш на мене гледаа како Кевин Дурент, а Вориорси како Вориорси, така што никако не можев да бидам целосно прифатен таму“, наведе Дурент.

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата рече дека понекогаш му смета НБА циркусот.

„Понекогаш го мразам тоа што играчите и препуштија на НБА да се занимава со работата, ја мразам славата која доаѓа со работата… Понекогаш не сакам да бидам во близина на луѓето со извршните функции. Не ја сакам ни политиката која оди со тоа…“, истакна Дурент.