Дуплантис ќе се трка со Ворхолм на 100 метри!

Двајца светски рекордери ќе се сретнат во егзибициска трка на 100 метри на 4 септември. Тоа се олимпискиот шампион и светскиот рекордер (6,25 метри) во скок со стап, Швеѓанецот, Арманд Дуплантис и сребрениот медалист на 400 метри со пречки во Париз, Норвежанецот, Карстен Ворхолм.

Двојката ќе го реши пријателското ривалство за тоа кој е побрз на 100 метри на стадионот „Лецигрунд“ во Цирих, Швајцарија, еден ден пред натпреварите во Дијамантската лига. Ниту Дуплантис, Ворхолм имаат трчано на 100 метри на официјални натпревари во оваа деценија

Швеѓанецот Дуплантис (24) истрча 100 метри со личен рекорд од 10,57 секунди во средното училиште во САД 2018 година и претходно изјави дека би сакал да се натпреварува во спринтерските штафети за Шведска.

Последното забележано време на 100 метри на Ворхолм (28) беше 10,49 секунди во 2017 година. Ворхолм е светски рекордер и трикратен светски шампион на 400 метри со пречки, но не успеа да ја одбрани олимписката титула од Токио 2021 година на неодамнешните Игри бидејќи заврши зад Американецот, Раи Бенџамин.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО