Драматичен момент: Никогаш, никогаш повеќе нема да се вратам на ледот

Руската натпреварувачка во уметничко лизгање, Александра Трусова, освои сребрен медал во поединечна конкуренција на ЗОИ во Пекинг, но тоа не е доволно.

По освојувањето на второто место, односно сребрениот медал, таа почна хистерично да рони солзи. Беше бесна на самата себе што не успеа да оствари подобар резултат.

Но и покрај тоа, таа смета дека и судиите имале удел во нејзиниот резултат.

Го мразам овој спорт! Никогаш повеќе нема да дојдам на ледот. Никогаш повеќе во животот“, истакна разочараната 17 годишна Александра Трусова.

Таа дури најави и дека ќе го прескокне свеченото доделување на медалите, но брзо се предомисли. На пресконференцијата за медиумите го релативизираше својот бес.

Тоа беа само емоции, подоцна ќе одлучам што ќе правам во иднина. Повеќе од задоволна сум од мојот настап“, се надоврза Трусова.