Драматичен момент: Колабираше по сударот со ривалот, колегите се држеа за глава..

Играчот на Бафало Билс, Дамар Хемлин, му се слошило на сред натпревар и според информациите на медиумите во Америка, тој е во критична ситуација.

НФЛ излезе со соопштение дека натпреварот помеѓу Бафало и Синсинати е одложен.

Хамлин се сруши на тревникот неколку моменти по сударот со противнички играч и никој не претпоставуваше дека тој момент ќе биде всушност најдраматичен и кој ќе придонесе за да биде прекинат натпреварот.

Над Хемлин е укажана итна медицинска помош на теренот. Затоа веднаш е префрлен во болница и се наоѓа во моментов во критична ситуација“, стои во краткото соопштение на НФЛ.

Добар дел од навивачите на овој клуб, веднаш во голем број се собрале пред клиничкиот центар, каде се молат за здравјето и животот на Хемлин.