Драматичен финиш во квалификациите: Перез му одмогна на Верстапен – Леклер на пол!

Квалификациите за ГН на Монако завршија со црвено знаме, откако во последните секунди од последниот квартал пред влезот во тунелот, Серхио Перез успеа да се преврте и веднаш по него на исто место да го запре и Карлос Саинц од Ферари.

Губењето на контролата врз болидот на Перез, не му донесе ништо добро на неговиот тим и тимскиот колега Верстапен, кој заврши неколку позиции зад пол-позиционерот Шарл Леклер, кој овде вози на домашен терен.

Овој резултат денес им беше преку потребен на Ферари по оној страшен колапс на претходната трка, кога моторот на Леклер не издржа и Верстапен доби шанса да победи и целосно да ја елиминира бодовната негатива.

Така да, во тесните улички на Монако, на утрешната трка од првата позиција ќе стартува Шарл Леклер, втората ќе биде исто така за возач на Ферари, Карлос Саинц, додека од вториот ред ќе стартуваат Ред Бул, Серхио Перез и Макс Верстапен.

Во топ10 за утрешната трка денес место имаше уште и за Ландо Норис, Џорџ Расел, Фернандо Алонсо, Луис Хамилтон, Себастијан Фетел и Естебан Окон.