Драмата во Мадрид му припадна на Федерер, Ѓоковиќ подобар од Шарди

Во драматичен меч, Роџер Федерер успеа да го победи Французинот Монфилс во осминафиналето на АТП Мастерсот во Мадрид.

По три сета игра, Федерер на крајот славеше со 6:0, 4:6, 7:6(3) со што дојде до десеттата победа во меѓусебните пресметки, додека францускиот тенисер има четири.

Претходно пласман во четвртфиналето обезбедија и Чилиќ и Ѓоковиќ кои во меѓусебна пресметка ќе одлучуваат околу патникот во полуфиналето, како и Вавринка кој во осминафиналето беше подобар од Нишикори.

Новак Ѓоковиќ се пласираше меѓу осумте најдобри во Мадрид по победа од 2-0 во сетови против Шарди. Ноле го доби првиот сет многу убедливо, со 6:1, но во вториот мораше да игра тајбрејк во кој беше подобар со 7:2.

Интересен беше дуелот меѓу Марин Чилиќ и Ласло Ѓере кој го доби Хрватот со 2-1. Српскиот тенисер го доби првиот сет со 6:4, а вториот го почна со брејк, водеше 2:0 и 3:1 кога Чилиќ се разбуди, освои пет гема по ред и го доби сетот со 6:3. Во вториот Чилиќ славеше со 6:2 за победа од 2-1 во сетови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: Знаевме дека Федерер е маестро, но од денес е и магионичар!

(ВИДЕО) Кирјос пак во елемент, сега го разнесе „Ролан Гарос“!

Пораката на Надал до Ѓоковиќ по финалето во Рим

(ВИДЕО) Надал со своите потези го излудуваше Ѓоковиќ, Србинот во еден момент целосно полуде!

Надал освои титула, Ѓоковиќ ја зголеми предноста

Се уште е голем: Надал го преслуша Ѓоковиќ во Рим за титула!

ВИДЕО: Ѓоковиќ повторно ги собра овациите од гледачите поради потегот со момчето

Федерер лут на организаторот во Рим: Зошто не приморувате да играме на вакви услови?

Тони Надал го знае лекот за Кирјос – на комичен начин го искоментира бунтовникот од Австралија