Драмата со голманот на Порто – 45 минути го оживувале

Невидена драма се случувала вчера со голманот на Порто, Алфредо Квинтана.

На него му се слошило за време на тренингот по што дошла медицинска екипа на помош. Нешто подоцна бил однесен в болница каде продолжила борбата.

Докторите се обидувале да го анимираат 45 минути, се додека Квинтана не почнал да дава знаци на живот. За да не му се троши организмот, тој сега е во индуцирана кома, а оценки за неговата состојба ќе можат да се дадат вечерва, кога ќе изминат 24 часа од срцевиот удар.