Драмата на крај за Шпанија: Начевски и Николов одработија без грешка

Ракометната репрезентација на Шпанија успеа да запише втора победа и да го добие дерби мечот против Норвешка во екстремно интересна завршница (28:27).

Норвешка беше репрезентацијата која може да се каже дека го диктираше темпото во првиот дел. Пред полувремето Норвешка имаше 3-4 голови разлика, но до паузата Шпанија дојде на минус еден гол (13:14).

На почеток од вториот дел, Шпанија подобро отвора и со серија од четири голови, го презема водството на натпреварот. Но финишот беше исклучително интересен бидејки, Норвешка на некои 30 секунди до крајот успеа да постигне гол за изедначување и максимална драма на натпреварот.

Но се беше во тие моменти во рацете на шпанските ракометари, кои имаа последен тајм аут и напад за победа. Одлучувачкиот шут падна на Алеиш Гомез кој успеа да постигне гол и за победа на црвената фурија.

Треба да се напомене дека овој крајно интересен натпревар го арбитрираше македонскиот двоец, Начевски – Николов.