Драма во семејството Ѓоковиќ: Новак веќе го напушти тенисот!

Најдобриот светски рекет во моментов Новак Ѓоковиќ пред две години бил пред голема одлука да стави крај на тениската кариера и да се посвети на други работи во животот.

Тајната ја откри неговата сопруга Јелена која раскажа и како успеала да го премисли, буквално во последен момент.

„Загуби во Мајами, беше навистина разочаран, не собра сите и ни рече: Луѓе, јас завршив со ова! Јас бев шокирана. Потоа кажа дека треба да зборува со спонзорите: сакам да бидам искрен со нив, не знам дали прекинувам на една година или засекогаш. Кажете им ако сакаат да останат со мене, ако не – во ред е. Само сакам сите да бидат задоволни од ова“, раскажа Јелена.

Десетина дена тој Новак бил убеден дека не се враќа во белиот спорт и дека е надвор од тенисот.

„Тој кога ќе одлучи да престане со тенисот, тоа значи дека повеќе не сака ни да го гледа, ни да игра од забава. Ми рече дека не сака да има ништо со тенисот. А, јас најдов некоја стара машина за топчиња, го засакав тенисот и се забавував со Стефан. Тој не виде и не праша: Може ли и јас да добијам рекет? Му одговорив дека ја донел својата одлука, дека нема враќање и дека треба да не остави да играме бидејќи е дојдено нашето време. Потоа Стефан инсистираше да размени неколку удари со тато, Новак му ја прифати желбата и сфати дека не се чувствува лошо. Потоа секој ден излегуваше со децата на терен.

На последниот ден од одморот, конечно се облече како што треба, ги зеде своите патики за тенис и рече: Ќе му се јавам на Марјан (Вајда н.з.) и ќе го прашам дали сака повторно да биде мој тренер“, додаде Јелена.

Останатото е историја, Ѓоковиќ повторно доминира во светскиот тенис и повторно атакува на рекордите во овој спорт.