Драма во Ф1 која предизвика истрага: Ни го украдовте болидот!

Формула 1 овој викенд се вози во Барселона, а во центарот на вниманието се тимовите на Ред Бул и Астон Мартин, со оглед на тоа дека нивните болиди се идентични.

Имено, Астон Мартин ја претстави својата нова верзија на болидот за која на големо се зборуваше и која неодоливо потсетува на Ред Бул РБ18, а тоа беше доволно за ФИА веднаш да отвори истрага.

„Не е ова сличајност, затоа што повеќе од нашиот персонал премина во Астон Мартин. Не можеме да ги запреме луѓето и да ги спречиме да заминат од нашата компанија и да го изнесат своето знаење. Меѓутоа, не е фер, ниту прифатливо да се изврши пренос на интелектуалното знаење“, истакна првиот човек на Ред Бул, Кристијан Хорнер.

Тој меѓу редови се обиде да стави до знаење во ФИА, дека дел од нивниот поранешен персонал, кој пребегнал кон Астон Мартин, всушност го копирал болидот на „лименките“.