Драма на „Сент Џејмс Парк“: Настана молк на стадионот и мечот беше прекинат

Според првичните информации од стадионот „Сент Џејмс Парк“, каде до пред некоја минута се играше натпреварот Њукасл – Тотенхем, тој е сега прекинат.

Како што информираат медиумите во Англија, на трибини се случил критичен момент со еден навивачи, но не е познато дали тој паднал од трибини или доживеал удар.

Сето тоа го примети фудбалерот на Тотенхем, Серхио Регилон, кој сигнализираше до судијата, кој веднаш потоа го прекина натпреварот.

Наскоро ќе има повеќе информации за оваа несакана ситуација.