Драма каква што не е видена: Холандија е нов светски шампион!

Женската ракометна репрезентација на Холандија ја освои титулата на Мундијалот што последните две недели се одржуваше во Јапонија.

Во финалето Холанѓанките ја совладаа Шпанија со 30:29, а победничкиот погодок го постигнаа во последната секунда од пенал. На сето тоа му претходеше една нејасна ситуација затоа што шпанската ракометарка Ернандес го блокираше противничкиот голман при обид да фрли топка во контранапад. Претходно немаше прекин, па многумина без изненадени што судиската двојка и додели црвен картон на Ернандес која не беше влезена во голманскиот простор, а на Холандија и даде пенал.

Лои Абинг беше прецизна од седум метри и и ја донесе првата титула на Холандија на Светските првенства.