Довициозо победник на трката во Брно

Андреа Дивициозо со Дукати победи на денешната трка во „кралската класа“ во шампионатот во Мото ГП што се возеше за Големата награда на Чешка на патеката во Брно. Тој во последните неколку кругови успеа да одолее на нападите на клупскиот колега Хорхе Лоренцо, кој пак во последните два круга беше под постојан притисок од лидерот во генералниот пласман Марк Маркез во борбата за второто место.

На крајот подиумот беше: Довициозо прв, Лоренцо втор, Маркез трет. Во последните метри од трката Валентино Роси го мина Крачлоу и се избори за четвртото место.

Ова беше одличен викенд за Дукати откако имаа пол позиција во квалификациите и успеаја да стигнат и до 1-2 победа.
Довициозо стигна до втората победа годинава, а вкупно трет подиум.

Во генералниот пласман лидер остана Маркез (ја возеше својата 100-та трка) со 181 бод, пред Роси со 132, трет е денешниот победник Довициозо со 113, Вињалес има 109, а Лоренцо 105.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов живот, нова надеж – семејството Шумахер се пресели во Мајорка

Готово е: Големиот шампион рече збогум!

Маркез го доби Дукати на квалификациите – Роси тотално разочара со пласманот

Хорнер од Ред Бул на суров начин одговори на шпекулациите со Фернандо Алонсо

Добри вести за здравјето на Ники Лауда

Крушево викендов домаќин на авто-трки по 10 години

Операцијата успешна, состојбата критична за Ники Лауда

Шок во Ред Бул: Првиот пилот го напушта тимот, познатo и каде се сели

Жан Тод проговори за Шумахер и испрати силна и јасна порака до фановите