Доцна се пробудивме, победа над Естонија, но за џабе: ЕП остана пуста желба и далечен сон

Македонската кошаркарска селекција ќе пропушти уште едно ЕП во низа откако и овие квалификации ги завршивме неуспешно.

Избраниците на Тодоров, како и вчера одиграа анемично и лошо прво полувреме, па будењето во вториот дел беше предоцна.

Иако денес победивме минимално над Естонија со 86-84, сепак тоа не е доволно за пласман на континенталниот собир со оглед на полошиот колични во меѓусебниот дуел со овој противник.

Па така вчерашната победа над Италија, како и денешната се пирови и за џабе.

Димитријевиќ кој одигра лошо прво полувреме, на крај сепак беше најефикасен со 23 поени додека Трајковски оствари 21 поен зад своето име.