Дортмунд и Јунајтед во „финале“ за Санчо: Нова понуда на Јунајтед, се чека одговор од Борусија

Преговорите помеѓу Борусија Дортмунд и Манчестер Јунајтед влегуваат во завршна фаза, информираат сите кредибилни медиуми во двете земји.

Како што е веќе познато, Јунајтед веќе има неколку официјални понуди до Санчо, првата беше одбиена од Дортмунд, па беше испратена втора, за која уште нема информации дали е прифатена.

Според пишувањата на влијателниот Билд во рамки на Германија, првата понуда на „ѓаволите“ беше во висина од 69 милиони евра, што беше веднаш одбиено.

Со оглед на тоа дека на Јунајтед им недостасува свежина по крилните позиции во тимот, наративот е ставен на Џејдон Санчо, дека ова лето мора да ги обезбедат услугите на англискиот фудбалер.

Целта на управата од Борусија Дортмунд е да извади што повеќе пари од овој фудбалер и скоро извесно е дека Јунајтед ќе мора да исплати 90 милиони евра, плус бонуси, доколку сака да го обезбеди Санчо.

Исто така, италијанскиот новинар Фабрицио Романо, тврди дека двете страни се уверени во овој трансфер, односно дека прашање на време кога ќе биде потврдена веста за преселбата на Санчо на „Олд Трафорд“.