Донесена одлуката – познато кој ќе го суди мечот Македонија – Австрија

Македонската фудбалска селекција во недела со почеток од 18:00 часот го игра првиот меч од ЕП, а ривал ни е селекцијата на Австрија.

За нашиот национален тим ова ќе биде воедно и историја, прв меч на едно големо натпреварување.

На три дена пред мечот од воведното коло од групата Ц, УЕФА ги објави официјалните лица за мечот.

Па така правдата на средбата ќе ја дели Швеѓанецот Андреас Екберг кој има 36 години.

Нему ќе му асистираат неговите сонародници Мехмет Кулум и Стефан Халберг, додека за четврти судија е назначен Сергеј Карасев од Русија.