Донесена е одлуката: Федерер нема да игра на Австралија Опен

Иако претседателот на Тениската организација на Австралија, Крег Тили во октомври изјави дека Роџер Федерер ќе настапи на првиот Гренд слем во новата сезона, тоа нема да се случи.

За време на доделувањето на наградите за спортист на годината во Швајцарија, најдобриот тенисер на сите времиња изјави дека нема намера да игра во Мелбурн.

„Би сакал да бидам во Австралија, но тоа не би бил фер кон моите колена. Нема да играм додека не бидам 100% подготвен. Мои цели за 2021 година се Вимблдон, Олимписките игри и УС Опен“, изјави Федерер.

Во октомври тој ќе наполни 40 години, а УС Опен се игра еден месец порано што значи дека би бил на терените речиси до крајот на својата четврта деценија од животот.