Дончиќ замоли за помош – причината е Новак Ѓоковиќ!

Словенскиот кошаркар Лука Дончиќ има една голема желба, да го гледа мечот на Новак Ѓоковиќ во полуфиналето од Олимписките игри.

Неговата репрезентација денеска нема натпревар на програмата, тие се слободни, па Лука сега изрази желба да го искористи моментот и да го гледа полуфиналето на Ѓоковиќ против Александар Зверев.

Тој на социјалната мрежа Твитер побара и помош околу ова:

Како можеме да одиме да гледаме полуфинале во тенис? Ве молам, помогнете“, напиша Дончиќ.

Имено, Новак Ѓоковиќ денеска околу 10 часот го игра полуфиналето против Александар Зверев, а подоцна игра во дубл конкуренција со Нина Стојановиќ.