Дончиќ во егал со Леброн: Не знам од која планета дојде ова дете во НБА!

Тренерот на Далас Маверикс, Рик Карлајл, има само пофални зборови за младиот словенски кошаркар, Лука Дончиќ.

Одличниот 20 годишен кошаркар е прогласен за најдобар играч на месец ноември во западната конференција, а зад себе има фантастични бројки, 30.6 поени, 10 скокови и 9.6 асистенции по натпревар.

Словенското чудо од дете и минатата ноќ брилјираше во победата над Њу Орлеанс со 118:97.

„Не знам од која планета доаѓа ова дете, тоа што тој го работи е фантастично“, истакна Карлајл

Дончиќ стигна до 600 поени во најсилната лига во светот, единствен играч кој е пред него во оваа статистика, а да бил помлад од 21 година навремето, тоа е Леброн Џејмс.