Дончиќ навистина е кошаркарски волшебник: Нова неверојатна вечер за словенечкиот кошаркар

Лука Дончиќ одигра уште еден неверојатен натпревар во НБА лигата за својот Далас.

Маверикси славеа како гости кај Сакраменто Кингс со 127:123, а Дончиќ за 34 минути на паркетот направи уште еден трипл-дабл кој ќе се памети, но она што го правеше на теренот е навистина неверојатно.

Особено тоа се однесува на асистенциите кои ги делеше. Правеше вистински чуда, а среќа неговите соиграчи погодуваа и не го расипаа впечатокот на одлични додавања.

Така, Словенецот мечот го заврши со 25 поени, 17 асистенции и 15 скока и го одведе својот тим до триумф во овој меч. Го следеа Сет Кари со 21 и Тим Хардавеј со 17 поени.

За Кингси недоволно беше што Дарон Фокс постигна 27 поени и 12 асистенции, а одличен беше и Бади Хилд со 25 поени.

Поранешниот прв пик на драфтот, Маркел Фулц, го одигра мечот на кариерата, уфрли 21 поен, имаше 11 скока и 10 асистенции против ЛА Лејкерс. Вучевиќ додаде 19 поени, а Орландо го направи изненадувањето на вечерта. Не помогнаа ниту 19 поени и 19 асистенции на Леброн Џејмс. Орландо беше на патот да го загуби добиеното, имаше предност од 21 поен, како да се исплашија од победата, но на крајот Фулц со два продори и Гордон имаа доволно нерви да ја сочуваат победата. Серијата на Лејкерси од девет триумфи е прекината, загубија првпат од Божиќ, што значи дека ова за нив е прв пораз во новата година.

И Портланд го шокираше Хјустон, слатка одмазда за Кармело Ентони кој имаше 18 поени и 12 скока, со само три промашувања. Меколум и Лилард комбинираа 49 поени, а Вајтсајд имаше 18 скока. Расел Вестбрук направи нов трипл-дабл со 31 поен, 12 асистенции и 11 скока, но Лилард во одбраната го задржа Харден на 13 поени и тоа беше решавачко.

НБА резултати:

ЛА Лејкерс – Орландо 118:119
Сакраменто – Далас 123:127
Хјустон – Портланд 107:117
Денвер – Шарлот 100:86
Оклахома – Торонто 121:130
Минесота – Индијана 99:104
Чикаго – Вашингтон 115:106
Мајами – Сан Антонио 106:100
Филаделфија – Бруклин 117:106
Бостон – Детроит 103:116.