„Дончиќ ќе биде во рангот на Коби, Џејмс и Џордан“

Тренерот на Далас Маверикс, Рик Карсли ја користи секоја можност да го пофали својот играч Лука Дончиќ.

Младиот Словенец синоќа беше еден од хероите на големата победа на Мавс против Селтикс кога погоди една од решавачките тројки на 15 секунди пред крајот на мечот.

Покрај тоа, Дончиќ беше клучен фактор на натпреварот и малку му недостасуваше за трипал дабал ефект. Генерално, тој забележа учинок од 31 поен, 10 скока и осум асистенции на тој натпревар.

Тренерот на домашниот тим не го криеше воодушевувањето од него.

“Луѓето како Лука, Мајкл Џордан, Леброн Џјмс, Лери Бирд и Коби Брајант имаат неверојатен фокус во вакви ситуации, тешко е да се објасни како им работи умот. Само за да го направат она што му треба на тимот. Не е важно дали е асистенција или шут. Лука е многу посебен вид играч. Не само што е фокусиран кога е потребно, туку има голема желба и способност. Двата удари беа феноменални. На „последниот напад знаевме дека немаме минута одмор и дека топката ќе отиде во рацете на Лук. Тој направи работа од која застанува здивот“, рече Карсли.