Голманот на италијанската репрезентација, Џиџи Донарума израмни еден рекорд на европските шампионати.
Донарума нема примено гол по последните 4 пенали изведени против него на ЕП. Претходните 3 беа во финалето на Вембли против Англија, кое аѕурите го добија на пенали. Тогаш не успеаја да го совладаат Маркус Рашфорд, Џејдон Санчо и Букајо Сака, а вчера му го одбрани и пеналот на Модриќ.
Со четири последователни одбранети пенали, Донарума се израмни со Шпанецот Унаи Симон и на уште еден Италијанец, Франческо Толдо кои исто така имаат ваква серија.
Нема голман на Светско или Европско првенство што не примил гол во пет последователни изведени пенали против него.