Дон Диего Марадона погребан без срце!

По погребот на Диего Марадона, аргентинскиот весник „Кларин“ излезе со малку неочекувана па и шокантна информација околу тоа дека Диего Марадона бил погребан без неговото срце.

Овој весник пишува дека поради големината на срцето кое го имал Марадона во себе, доктори и научници по обдукцијата, па во договор со семејството на Дон Диего, го погребале без срце, за да прават испитувања околу габаритот на срцето на Аргентинецот.

Заминувањето на Марадона остави тага насекаде низ светот, а посебно емотивно беше во Аргентина деновиве, каде многу од фановите се простуваа од својот херој од минатото.

Срцето на Диего е абнормално големо и ќе оди на истражувања“, стои во весникот „Кларин“.