Доминација на сноуборд клубот ХМКД на државното првенство во Маврово

Апсолутна доминација на сноуборд клубот ХМКД на државното првенство во сноуборд паралел велеслалом кое се одржа изминатиов викенд во Маврово.

Во женска конкуренција Сања Спасовска ја одбрани минатогодишната титула и повторно го освои првото место додека во машка конкуренција на подиумот застанаа Александар Кацарски на првата позиција и Томас Дебаловски второ место.


Во склоп на државното првенство се одржаа и две ФИС трки во истата дисциплина на кои учествуваа и натпреварувачи од Романија, Грција и Бугарија.

Голема благодарност до организаторите, Ски Федерација на Македонија и Ски центарот Маврово за одлично припремените стази и одличната атмосфера целиот викенд.

Во продолжение следат целосните резултати од сите одржани трки:

Резултати 03.03.2019
Државно првенство
Дисциплина: паралелен велеслалом

Мажи:
1. Александар Кацарски
2. Томас Дебаловски
3. Бојан Андонов

Жени:
1. Сања Спасовска
2. Катја Андонова
3. Јана Наскова

Јуниори:
1. Лука Ѓорѓевиќ
2. Бојан Скендеровски
3. Дамјан Михајловски

Јуниорки:
1. Јана Наскова
2. Неда Добреска
3. Ема Станковиќ

Момчиња 1:
1. Евгениј Ристовски
2. Андреј Мушуланов
3. Слободан Саздовски

Момчиња 2:
1. Марко Петровски
2. Давид Андоновски
3. Максим Циговски

Девојчиња:
1. Ева Башоска
2. Анамари Мушуланова

Резултати 03.03.2019
ФИС Паралелен Велеслалом

Мажи
1. Тома Мортила – Романија
2. Адријан Теодореску – Романија
3. Кацарски Александар – Македонија

Жени
1. Дана Попеску – Романија
2. Сања Спасовска – Македонија
3. Катја Андонова – Македонија

Резултати 04.03.2019
ФИС Велеслалом

Мажи
1. Кацарски Александар – Македонија
2. Тома Мортила – Романија
3. Адријан Теодореску – Романија

Жени
1. Дана Попеску – Романија
2. Сања Спасовска – Македонија
3. Јана Наскова – Македонија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не прокиснала салата – прокиснале сертификатите

Ова го може само во Македонија: Од бизарни причини одложен првио финален меч во одбојка

ВИДЕО: Најлуд потег како завршница за трка на 400 метри – се фрли со глава кон целта

(ФОТО) Италијански одбојкарки освоија титула, па се соблекоа голи

(ФОТО) Додека го освојуваше Скопскиот маратон, на Тирунех од Етиопија му испадна половиoт орган

(ВИДЕО) Мекгрегор како што досега го немате видено

Им нема рамен: Џио Струмица го освои Купот на Македонија

(ВИДЕО) Ова мора да се погледне: Хабиб со реванш – повторно се бореше со мечка

Драматично видео – давајки интервју, убавицата одбојкарка се сруши пред камерата