Доминација на Ферстапен на улиците на Мајами

Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен триумфираше денеска на трката за Големата награда на Мајами што се возеше низ улиците на овој град.

Холандскиот возач ја запиша третата победа оваа сезона, а 23. во кариерата, триумфирајќи пред Шарл Леклерк и Карлос Саинс. Клучниот момент се случи на почетокот од трката кога Ферстапен го претрка Саинс, а потоа стрпливо го чекаше моментот да го нападне Леклерк. Прилика за тоа доби во деветтиот круг по што се одвои од возачот на Ферари и до крајот не го испушти водството.

И покрај победата на Ферстапен, Леклерк останува на чело во генералниот пласман со 104 бода, 20 повеќе од возачот на Ред Бул.