Докторка од Србија дел од тимот лекари кои се грижат за Шуми: Има информации за кои не смеам да зборувам

Докторка со потекло од Врање, Србија, била ангажирана во лекарскиот тим кој се грижи за здравјето на седумкратниот Ф1 шампион, Михаел Шумахер.

Легендарниот возач пред седум години доживеа страшна несреќа на зимувањето. Малку се знае за повредите и неговата здравствена ситуација, пред се поради барање на неговото семејство.

Докторката Милана Тасиќ потврди дека е во тимот на доктори, кои се грижат за ситуацијата на Михаел Шумахер, која добила прашање да ја коментира состојбата на германскиот „барон“.

Тоа се информации за кои не смеам да зборувам и не можам. Се уште се работи на неговата ситуација. Терапијата која ја добива Михаел е безбедна што е најважно, ефикасност сега дури се покажува, не можеме се уште ништо конечно да кажеме, но на добар пат сме“, порача докторката Тасиќ.