Доктор Виктор Исијановски: Во Македонија нема услови да се игра фудбал

Доктор Виктор Исијановски, директор на Здравствен дом Скопје во гостувањето на ТВ 24 кој е и член на Комисијата за заразни болести проговори и за фудбалот.

„Во Македонија нема услови да се игра фудбал во овој период. Во нашата држава има само еден фудбалски терен кој ги исполнува условите да се игра фудбал во време на корона вирус“, истакна Исијановски и додаде:

Јас сум член на Комисијата, не можам сам да одлучам, ама јас лично ќе бидат против да се игра фудбал во Македонија“.

Како што е познато, ФФМ утре треба да ја донесе конечната одлука на седница на УО, а скоро сигурно е дека ПМФЛ ќе продолжи.