Доколку утре се игра УС ОПЕН – на Новак Ѓоковиќ ќе му се повтори Австралија!

Америка воведе промени за влез во земјата поради коронавирусот, но околу прашањето со Новак Ѓоковиќ, ништо не е променето.

Доколку УС ОПЕН се игра утре, српскиот ас повторно нема да може да игра, како во Австралија годинава.

Њујорк Тајмс пишува дека меѓународните патници ќе мора и понатаму да приложат документација дека се вакцинирани со цел да влезат во земјата.

Тоа значи дека невакцинираниот Ѓоковиќ не би можел да игра, нешто што му се случи годинава на Австралија Опен.

Отвореното првенство на Америка е на програмата од 29. август, што значи дека до тогаш има уште многу време и само ако го сменат законот, Ѓоковиќ ќе може да биде дел од турнирот.