Доколку Фетел догодина им каже „Чао рагаци“ на Ферари – ова се двете желби на „црвените“

Според извори од Формула 1 светот, Даниел Рикиардо и Валтери Ботас, се желби на Ферари за идната сезона, доколку се случи заминувањето на Себастијан Фетел.

Како одминува времето а Фетел не успева да освои титула со Ферари, се почесто ги има низ кулоарите, муабетите дека Ред Бул го мерка Себастијан Фетел за враќање назад во болидот, со кој освои 4 шампионски титули во минатото.

Ферари имале интерес за Рикиардо и Ботас кои биле на нивната трансфер листа на желби за идната сезона.

Доколку Фетел навистина прекрши со одлуката догодина да го напушти кампот на Маранело, потенцијални нови возачи во Ферари ќе бидат Рикиардо или Ботас.