Докиќ раскажува: Пеколот од својот родител кој не го очекував, размислував да се убијам

Некогаш четвртата тенисерка на ВТА ранкингот, Јелена Докиќ, во интервју за британски Телеграф, откри еден сериозен пад во животот, односно дека малку недостасувало таа да изврши самоубиство.

Пред 20 години, Јелена Докиќ во полуфиналето од Вимблдон беше поразена од нејзината ривалка Линдзи Девентпорт со 6:4 и 6:2, а наместо тоа да биде среќна ипрославува што направила запазен резултат, таа минувала низ семејна драма.

Сето тоа го предизвикало нејзиниот татко Дамир, кој воедно бил и нејзин тренер, а непосредно по поразот, таа добила жестоки коментари и критики.

Минав низ пекол, но немав избор. Имав пред мене избор во смисла да се откажам или да се борам со тоа. Во еден момент, сакав и да се самоубијам. Малку недостасуваше од такво сценарио. Во животот секогаш ви е како да сте на тениски терен. Јас се борев за да имам подобро утре. Верувајте ми, играв тенис уште 10 години потоа и се борев со депресијата, а доколку имав адекватна поддршка, ќе бев уште долго во тенисот“, рече Докиќ.

Во кариерата Докиќ освои 6 титули, најдобар пласман и е 4 место во август 2002 година, додека полуфиналето на Вимблдон беше нејзиниот најдобар резултат од Гренд слем турнирите.