Дојде и потврдата – колку ќе отсуствува Кари од НБА терените

Првата ѕвезда на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, незгодно падна на последниот натпревар, по што мораше да го напушти натпреварот.

На крајот се испостави дека станува збор за фрактура на раката, по што беше подложен на хируршки зафат, кој сигурно значеше едно – долго опоравување на Кари.

Сега дојде и потврда за таа ситуација, Кари нема да го гледаме на терените во следните 3 месеци. Тоа секако ќе биде сериозен удар за шансите на Вориорс сезонава за добар резултат, кои останаа и без Клеј Томпсон на крајот од минатата сезона.

Кари сезонава имаше просек од 23.5 поени по натпревар.