Додека Ѓоковиќ се бори за нов Гренд слем трофеј – Рафа Надал со ортопедски помагала

Рафаел Надал им соопшти на своите фанови преку Инстаграм дека имал медицински третман на повреденото стапало на левата нога.

За сега не се знае дали се работи за операција или нешто друго. Рафа на Инстаграм напиша дека е во прашање „медицински третман“, а тоа може на повеќе начини да биде протолкувано.

Шпанецот и претходно имаше проблеми со повреди на стапалото, а токму тоа беше неговиот проблем поради кој не настапи на Вимблдон, Олимписките игри, Мастерсите во Синсинати и Канада, а на крајот и на УС ОПЕН.

Сакам да ви кажам дека сум во Барселона со својот тим лекари, со цел да добијам подобар третман кој ќе ме натера на неколку дена одмор и така ќе ме одвои од теренот на извесно време. Се враќам дома и го почнувам процесот на опораување“, напиша Рафаел Надал на Инстаграм.