Добро познат ривал: Македонија дозна со кого ќе игра за златото во Сребрената лига

Македонската репрезентација утре ќе се бори за титулата во Сребрената лига, а вечерва дозна кој ќе ѝ биде ривал.

Тоа е Данска која со 3-1 (24-26, 25-17, 25-11, 29-27) ја совлада Унгарија и по трет за помалку од еден месец ќе игра против нашата селекција. Во мај, на двата турнира што се одржаа во Македонија и во Данска, двете репрезентација славеа по една победа со 3-0.

Билансот со овој ривал ни е одличен иако тоа не мора ништо да значи. На девет меѓусебни дуели од 2014 година, Македонија има седум победи, а Данците триумфираа само два пати.